Услови за продажба

  1. Лапај овозможува и организира промотивна продажба на производи/услуги како посредник во име и за сметка на партнерите преку интернет страницата www.lapaj.mk, на начин да Партнерот одобрува промотивен попуст на своите производи/услуги, под услов Лапај да успее во одреден временски период да собере минимален број на купувачи за тој производ/услуга.
  2. Партнерот како сопственик на производи/услуги се обврзува договорениот производ/услуга да го испорача на најквалитетниот можен начин, почитувајќи ги сите стандарди за квалитет и совесна услуга. Обврска на Лапај е на највисок стандард на работење да ја организира и води промотивната продажба.
  3. Лапај не е сопственик, ниту се наоѓа во сопственост на производите/услугите што ги нуди на својата интернет страница, па со тоа не може да биде одговорна за потенцијалните правни и материјални недостатоци на производот/услугата или за било какви други проблеми и недостатоци кои можат да настанат при користењето на производите/услугите кои ги нуди.
  4. За сите евентуални недостатоци во врска со испораката или неуслужливоста на производите/услугите што Партнерот ги нуди, одговорен е исклучиво тој Партнер. Лапај на ниту еден начин не може да биде одговорен за било какви недостатоци на производите и услугите што ги продава.
  5. Партнерот е одговорен за сите повреди, болести, штети, побарувања, одговорности и трошоци на корисникот т.е купувачот.
  6. Купонот служи како доказ за купениот производ/услуга па успешно завршената промотивна продажба и се издава на име на купувачот или на име кое ќе го одреди купувачот. Купонот мора да го содржи името на купувачот или име кое ќе го одреди купувачот, сигуроносен код, вид и модел на производот/услугата, рок во кој купувачот по успешно завршената промотивна продажба може да посака испорака/конзумирање на производот/услугата, а по потреба и други податоци.
  7. Сите Лапај купони за купување на договорениот производ/услуга кои за партнерот ги издава Лапај, а се означени со интернет страницата www.lapaj.mk или било која интернет страница поврзана со Лапај се промотивни Лапај купони кои на купувачите им се нудат под нивната номинална вредност и се подложни на условите и правилата на Лапај, како и на правилата и условите на Партнерот кој учествува во промотивната акција.
  8. Успешно завршена промотивна продажба се смета кога ќе се собере договорениот минимален број на купувачи за одредениот производ/услуга. Минималниот број на купувачи се наоѓа на самата понуда.

Специфични и додатни услови и правила за користење на Лапај купонот во угостителски објект како Партнер:

* Купонот се однесува само на производот/услугата што ја продава Партнерот, а не и на поштарина или манипулативни трошоци.

* Може да се искористи само еден Лапај купон по нарачка, а повеќе од еден само доколку одреди самиот партнер и соодветно е наведено во понудата.

* Ниту Лапај ниту Партнерот не се одговорни за изгубените или украдените Лапај купони.

* Во исклучива надлежност на партнерот е да одреди дали Лапај купонот може да се комбинира со било кој друг Лапај купон издаден од трета личност.

* Секое користење на Лапај купон што не е во согласност со условите и правилата на користење ќе се смета за НЕВАЖЕЧКИ.

* Важноста на Лапај купонот истекува на датумот кој е означен на самиот Лапај купон.

Секој корисник што има отворено Лапај профил се смета дека условите за продажба во целост ги има прочитано, сфатено и ги прифаќа.