Ознака: рецепти

Ванилици со мармaлад

starinske-vanilice-660x330

Ванилици со мармелад

Доколку Вашите деца обожуваат благи, ванилици се вистински десерт за нив. Исто така, доколку Ви се најавија гостите, направете ванилици кои се топат во устата.

Потребно Ви е: 250 грама путер, 500 грама брашно, 1 жолчка, 1 цело јајце, 4 лажици шеќер, сок од еден лимон.

Останати состојќи: 1 изматена белка за макање, ореви за наросување пред печењето на ванилици, мармелад за спојување, шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Подготовка: Убаво изматете го путерот, додадете ги јајцата, шеќерот исок од еден лимон. Додадете брашно и замесете. Развијте го тестото на 1/2cm дебелина. Со калап за ванилици вадете ги крукчињата, секоје мачкајте во снег од белка, наросете со ореви и секоје круче се реди во тавче за печење. Ванилици се печат во подмачкано тавче на 200 степени. Внимавајте да останат бели. Печени крукчиња се спојуваат со мармелад и се наросуваат во шеќер во прав и ванила.

Лебчиња со маслинки и кашкавал

JPG-2162ba-800x600-b0b6a5-800x600

1. Лебчињата ги сечиме на еднакви четири дела но не целосно. Ги мачкаме со маргарин внатрешно и надворешно, ги посолуваме со сол внатрешно и надворешно.

2. Кашкавалот го сечиме на правоаголни парчиња и по едно парче ставаме во секој дел од лебчето.

3. Во секој дел од лебчето ставаме по неколку исецкани маслинки.

4. Во внатрешноста и надворешноста напрашуваме од лукот во прав, биберот, пипрената сол, магдоносот и ориганото по малку.

5. Потоа врз секое лебче ставаме во средината по една лажица крем сир.

6. Секое лебче го напрскуваме по малку со маслиново масло.

7. На крајот ги ставаме во релна да се потпечат на темп. од 200 степени околу 15 минути.

Откако се готови можи да ги извадите и да ги оставите 5 мин. да се оладат.

Совет – Може да ставите и млад лук (ситно исецкан) доколку имате, бидејќи јас во моментот немав затоа немам ставено. Може да ги конзумирате со салата или манџа.

Пријатно јадење!

 

recept-pica-co-solja

Светот полуде по рецептот – пица во чаша за пет минути!

Сакате пица, но никако да најдете доволно време да направите една дома? Нема проблем, за оваа верзија ќе ви бидат потребни помалку од пет минути!

Состојки:

4 лажици брашно
¼ лажичка прашок за печиво
еден прст сода бикарбона
¼ лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица сос од домати
1 преполна лажица рендан кашкавал
5 листови мини колбаси
½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)

Подготовка:

Земете една шолја и сипете во неа брашно, прешок за печивот, сол и сода. Добро измешајте ја смесата, па во тоа додадете ги млекото и маслиновото масло, па со вилушка измешајте додека не се добие тесто. Сипете го сосот од домати и добро распоредете го по тестото, а потоа ставете ги состојките по желба. Тоа може да бидат кашкавал и колбаси, а може да ставите и павлака, моцарела, печурки, шунка, туна… по желба. Ставете во микробранова печка на една минута и тоа на најсилна температура. Штом се појават меурчиња, вашиот оброк е подготвен. Во зависност од јачината на микробрановта печка, можеби ќе бидете потребно помалку или повеќе време.