Како работи Лапај?

Едноставно брзо и исплатливо за секого!!!

Храната станува повкусна кога е на попуст ……..

НАЈЕДНОСТАВНО ДО СВОЈОТ ПОПУСТ, НЕМА РЕГИСТРИРАЊЕ, НЕМА ОСТАВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, НЕМА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКИ, НЕМА ПЕЧАТЕЊЕ КУПОНИ…

  1. Следете не секојдневно и преку нашето мени од активни понуди изберете што ќе вкусите денес.
  2. Од менито на активни понуди изберете ја посакуваната понуда и кликнете “Земи код“.
  3. Откако ќе кликнете “Земи код “, ќе се генерира код со кој добивате попуст во избраниот локал.
  4. Следен чекор е да го прикажете кодот во избраниот локал (може и на Вашиот смартфон, на испечатен лист или доволно е да го соопштите) со кој ќе го добиете попустот.
  5. СЕ ПЛАЌА ВО ЛОКАЛОТ!
  6. Следно е да уживате во понудата.

Нашето мени од активни понуди можете да го користите секојдневно, понудите може да се употребат уште истиот ден кога се објавени.

Специфични и додатни услови и правила за користење на Лапај купонот/кодот за попуст во угостителски објект како Партнер:

* Купонот/кодот за попуст се однесува само на производот/услугата што ја продава Партнерот, а не и на поштарина или манипулативни трошоци.

* Во исклучива надлежност на партнерот е да одреди дали Лапај купонот/кодот за попуст може да се комбинира со било кој друг попуст издаден од него или од трета личност.

* Секое користење на Лапај купон/ код за попуст што не е во согласност со условите и правилата на користење ќе се смета за НЕВАЖЕЧКИ.

* Важноста на Лапај купонот/ кодот за попуст истекува на датумот кој е означен на самиот Лапај купон или на самата промоција објавена на Лапај.мк

 

УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА:

  1. Лапај овозможува и организира промотивна продажба на производи/услуги како посредник во име и за сметка на партнерите преку интернет страницата www.lapaj.mk, на начин да Партнерот одобрува промотивен попуст на своите производи/услуги.
  2. Партнерот како сопственик на производи/услуги се обврзува договорениот производ/услуга да го испорача на најквалитетниот можен начин, почитувајќи ги сите стандарди за квалитет и совесна услуга.
  3. Лапај не е сопственик, ниту се наоѓа во сопственост на производите/услугите што ги нуди на својата интернет страница, па со тоа не може да биде одговорна за потенцијалните правни и материјални недостатоци на производот/услугата или за било какви други проблеми и недостатоци кои можат да настанат при користењето на производите/услугите кои ги нуди.
  4. За сите евентуални недостатоци во врска со испораката или неуслужливоста на производите/услугите што Партнерот ги нуди, одговорен е исклучиво тој Партнер. Лапај на ниту еден начин не може да биде одговорен за било какви недостатоци на производите и услугите што ги продава.
  5. Партнерот е одговорен за сите повреди, болести, штети, побарувања, одговорности и трошоци на корисникот т.е купувачот.
  6. Кодот за попуст служи за идентификување на купувачот, дека е дојден благодарение на промотивната кампања спроведена на Лапај и нема никаква друга вредност или последица.
  7. Сите Лапај купони/кодови за купување на договорениот производ/услуга кои за партнерот ги издава Лапај, а се означени со интернет страницата www.lapaj.mk или било која интернет страница поврзана со Лапај се промотивни .

Секој корисник што го користи Лапај попустот се смета дека условите за продажба во целост ги има прочитано, сфатено и ги прифаќа.

Регистрирајте се на www.lapaj.mk и секојдневно ќе ги добивате највкусните понуди во градот на попуст од 40% до 90 %.

Не ги пропуштајте неодоливите понуди!