Како да си направите сами вкусна Цезар салата
Секој ресторан приготвува цезар салата со различен вкус. На крајот ви нудиме и два предлог рецепти за подготовка на дресинг за оваа салата.
СОСТОЈКИ:
- 1 пилешки стек
- зелена салата
- запечен леб или кубети
- шери домати
- пармезан
- дресинг
НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
- Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти.
- Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.
- Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање.
- Во садот додадете го пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.
- Одозгора прелијте со дресинг сос.
За дресинг сосот ви предлагаме два начина на подготовка:
- дресингот за цезар салата се прави мешајки ги следниве состојки: мајонез, сенф, сок од 1 лимон, маслиново масло и 1 чешне иситнет или истолчен лук.
- дресинг за цезар салата со следните состојки: мајонез, сенф, јаболков оцет, пармезан, бибер, соја сос и сол
За да се разреди дресингот по потреба може да се додаде вода.
Готви со љубов и уживај во храната