Blog

КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ВИНО

winecellars

Некои класификации се со официјална заштита со закон, за виното во нивната земја, додека други класификации се создадени од организации кои се вклучени во работењето со вино, но без никаква специјална лиценца. Во рамките на Европската унија, терминот вино на англиски јазик, а и во превод, исклучиво се однесува за ферментиран сок од грозје.  Додека пак, во САД како вино може да се прифати ферментиран сок од било кое овошје или земјоделски производ, со услов да е помеѓу 7% и 24 % алкохол по волумен, и да е наменетено за не-индустриска употреба. Со исклучок на киселината од јаболко, круша, сите останати вина се означуваат со зборот ‘вино’.

Многу класификации на вино постојат како дел од традицијата или според законот. Како поважна еBordeaux Wine – Класисфикацијата за вино од 1855 год, иако некои региони ги класифицираат своите вина базирани на Германскиот стил на класификација. Класификацијата на виното има долга историја, која датира од 14 век, односно 1644 година, кога Советот на Вирцбург ги рангирал своите лозови во градот по квалитет, а почетокот на ниво од 5- класификација е правено врз основа на квалитет во Токај, 1700 година.

Според методот на правење и стилот. Овие класификации се однесуваат на методот на правење на виното, односно специфичноста за секое одделно. Постојат црвено, бело вино, пенливо, полу пенливо, збогатено вино, десертно вино. Бојата на виното не е определена со сокот од грозје, што е речиси многу јасно, туку од присуството или отсуството на кожата од грозјето за време на ферментацијата. Грозјето е збогатено со сок, на пример Alicante Bouchet, е попознато како темно виолетово вино. Црвеното вино е направено од црвено (или црно) грозје, но неговата црвена боја е добиена преку процесот наречен мацерација, при што кожата е оставена во контакт со сокот за време на ферментацијата.

Белото вино може да се направи од било која боја на грозје ако кожата е одвоена за време на ферментацијата. Белото вино од многу темно грозје може да добие розова боја, или румена. Една форма на Rose е наречена Blanc de Noirs каде сокот од црвеното грозје е заедно со кожата но само за кратко време (неколку часови).

Десерт вината се движат од малку сладок (помалку од 50гр/литар шеќер) па се до 400гр, на литар – односно многу слатки вина. Овие вина обично не се најдобрите од сезоната. Генерално, тие се направени од грозје заразени со мувла или веќе прилично оштетено грозје. Трпезните вина може да содржат алкохол што не е од 8,5% до 14%. Ако виното има повеќе од 14% , или пак меурчиња, тоа е трпезно или светло вино. Тие се класифицираат како бело, црвено или розе во зависност од бојата. Овие се поевтини вина, и често на етикетата не ги вклучува сите информации за сортата на грозје која се користи или регионот на потекло. Вината кои се користат при готвење обично не се многу скапи вина. Кога вообичаеното шише е отворено и изложено на кислород подолго време, при ферментација ќе се трансформира во оцетна киселина. Но, ова не се случува кај јаки вина, кога содржината на алкохол е многу висока. Сортно вино, пак е она вино кое мора да содржи најмалку 75% од одреденото грозје на етикетата, а кога се прави комбинација тоа мора да биде 100%.

Пенливите вина, како шампањ, содржат јаглерод диоксид кој е произведен по пат на ферментација природно, или со сила. За да го има овој ефект, тоа ферментира два пати. Сепак, при создавањето на вина ги нема овие процеси.

download

Како да си направите сами вкусна Цезар салата

Ceasar_big

Секој ресторан приготвува цезар салата со различен вкус.  На крајот ви нудиме и два предлог рецепти за подготовка на дресинг за оваа салата.

СОСТОЈКИ:

  • 1 пилешки стек
  • зелена салата
  • запечен леб или кубети
  • шери домати
  • пармезан
  • дресинг

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти.
  2. Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.
  3. Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање.
  4. Во садот додадете го пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.
  5. Одозгора прелијте со дресинг сос.

За дресинг сосот ви предлагаме два начина на подготовка:

  1.  дресингот за цезар салата се прави мешајки ги следниве состојки: мајонез, сенф, сок од 1 лимон, маслиново масло и 1 чешне иситнет или истолчен лук.
  2. дресинг за цезар салата со следните состојки: мајонез, сенф, јаболков оцет, пармезан, бибер, соја сос и сол

За да се разреди дресингот по потреба може да се додаде вода.

Готви со љубов и уживај во храната :-)

Ванилици со мармaлад

starinske-vanilice-660x330

Ванилици со мармелад

Доколку Вашите деца обожуваат благи, ванилици се вистински десерт за нив. Исто така, доколку Ви се најавија гостите, направете ванилици кои се топат во устата.

Потребно Ви е: 250 грама путер, 500 грама брашно, 1 жолчка, 1 цело јајце, 4 лажици шеќер, сок од еден лимон.

Останати состојќи: 1 изматена белка за макање, ореви за наросување пред печењето на ванилици, мармелад за спојување, шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Подготовка: Убаво изматете го путерот, додадете ги јајцата, шеќерот исок од еден лимон. Додадете брашно и замесете. Развијте го тестото на 1/2cm дебелина. Со калап за ванилици вадете ги крукчињата, секоје мачкајте во снег од белка, наросете со ореви и секоје круче се реди во тавче за печење. Ванилици се печат во подмачкано тавче на 200 степени. Внимавајте да останат бели. Печени крукчиња се спојуваат со мармелад и се наросуваат во шеќер во прав и ванила.

Лебчиња со маслинки и кашкавал

JPG-2162ba-800x600-b0b6a5-800x600

1. Лебчињата ги сечиме на еднакви четири дела но не целосно. Ги мачкаме со маргарин внатрешно и надворешно, ги посолуваме со сол внатрешно и надворешно.

2. Кашкавалот го сечиме на правоаголни парчиња и по едно парче ставаме во секој дел од лебчето.

3. Во секој дел од лебчето ставаме по неколку исецкани маслинки.

4. Во внатрешноста и надворешноста напрашуваме од лукот во прав, биберот, пипрената сол, магдоносот и ориганото по малку.

5. Потоа врз секое лебче ставаме во средината по една лажица крем сир.

6. Секое лебче го напрскуваме по малку со маслиново масло.

7. На крајот ги ставаме во релна да се потпечат на темп. од 200 степени околу 15 минути.

Откако се готови можи да ги извадите и да ги оставите 5 мин. да се оладат.

Совет – Може да ставите и млад лук (ситно исецкан) доколку имате, бидејќи јас во моментот немав затоа немам ставено. Може да ги конзумирате со салата или манџа.

Пријатно јадење!

 

recept-pica-co-solja

Светот полуде по рецептот – пица во чаша за пет минути!

Сакате пица, но никако да најдете доволно време да направите една дома? Нема проблем, за оваа верзија ќе ви бидат потребни помалку од пет минути!

Состојки:

4 лажици брашно
¼ лажичка прашок за печиво
еден прст сода бикарбона
¼ лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица сос од домати
1 преполна лажица рендан кашкавал
5 листови мини колбаси
½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)

Подготовка:

Земете една шолја и сипете во неа брашно, прешок за печивот, сол и сода. Добро измешајте ја смесата, па во тоа додадете ги млекото и маслиновото масло, па со вилушка измешајте додека не се добие тесто. Сипете го сосот од домати и добро распоредете го по тестото, а потоа ставете ги состојките по желба. Тоа може да бидат кашкавал и колбаси, а може да ставите и павлака, моцарела, печурки, шунка, туна… по желба. Ставете во микробранова печка на една минута и тоа на најсилна температура. Штом се појават меурчиња, вашиот оброк е подготвен. Во зависност од јачината на микробрановта печка, можеби ќе бидете потребно помалку или повеќе време.