Author: governor

recept-pica-co-solja

Светот полуде по рецептот – пица во чаша за пет минути!

Сакате пица, но никако да најдете доволно време да направите една дома? Нема проблем, за оваа верзија ќе ви бидат потребни помалку од пет минути!

Состојки:

4 лажици брашно
¼ лажичка прашок за печиво
еден прст сода бикарбона
¼ лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица сос од домати
1 преполна лажица рендан кашкавал
5 листови мини колбаси
½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)

Подготовка:

Земете една шолја и сипете во неа брашно, прешок за печивот, сол и сода. Добро измешајте ја смесата, па во тоа додадете ги млекото и маслиновото масло, па со вилушка измешајте додека не се добие тесто. Сипете го сосот од домати и добро распоредете го по тестото, а потоа ставете ги состојките по желба. Тоа може да бидат кашкавал и колбаси, а може да ставите и павлака, моцарела, печурки, шунка, туна… по желба. Ставете во микробранова печка на една минута и тоа на најсилна температура. Штом се појават меурчиња, вашиот оброк е подготвен. Во зависност од јачината на микробрановта печка, можеби ќе бидете потребно помалку или повеќе време.